Персонална асистенција на лица со попреченост има за цел да придонесе за независно и самостојно живеење на лицата со попреченост и нивно активно и рамноправно учество во заедницата и во општеството во целина. Персоналната асистенција на лица со попреченост е услуга од социјална заштита, преку која се обезбедува поддршка на лицето со попреченост во неговото осамостојување, согласно неговите индивидуални потреби. Персоналната асистенцијата е прилагодена на личните и поединечни потреби на корисникот, кој одлучува кои активности ќе ги делегира и на кого, така што ќе му овозможи да живеe во помалку ограничена околина, односно му овозможува слобода на избор и независно раководење на личниот живот со цел да ја компензираат својата попреченост, делегирајќи ги своите задачи на други лица. Личните асистенти за лица со попреченост се сертифицирани и обучени за давање на помош и поддршка на лицата со попреченост од посебна верифицирана програма на здружението Хуманост.

Опис на работните активности на личниот асистент за лица со попреченост:

1. Личниот асистент обезбедува помош и поддршка:


во домот на корисникот
  • поддршка при движење;
  • поддршка при користење ортопедски и технички помагала;
  • поддршка во соодветно облекување и соблекување;
  • поддршка при одржување лична хигиена и хигиена на облеката;
  • поддршка при извршување физиолошки потреби;
  • контрола и следење на виталните телесни функции (мерење притисок, температура шеќер) и помош при земање лекарства;
  • поддршка во извршување дневни домашни активности, како готвење храна, земање оброци, одржување на хигиена на домот;
  • помош и поддршка во други слични секојдневни активности во домот кои лице без попреченост би можело да ги изведе без поддршка од друго лице.
на работното место, во високообразовниот процес, во неформалното образование или во професионалната рехабилитација
  • поддршка при патувањето од и до работното место, образовната установа, установата или организацијата за професионална рехабилитација;
  • поддршка при движење во просторот на работното место, образовната установа, установата или организацијата за професионална рехабилитација;
  • поддршка при користење информатичка технологија и информациско-комуникациска технологија;
  • поддршка во остварување комуникација со други луѓе;
  • поддршка при читање текстови (книги, стручналитература, весници, литература по избор на корисникот и сл. );
  • поддршка при задоволување лични потреби (тоалет, исхрана, облекување итн.) и при други секојдневни активности на работното место или во образовниот процес кои лице без попреченост би можело да ги изведе без поддршка од друго лице.
во заедницата во која живее корисникот
  • поддршка при користење на сите видови на превоз (движење со количка, влегување и излегување од превозни средства);
  • поддршка за присуство на општествени и јавни настани;
  • помош во посредување и комуникација со установите/средината, поддршка во посредување и комуникација со лица и организации и со околината;
  • поддршка за посета и активно учество во образовни, рекреативни, спортски, културно-забавни и други слични активности и услуги достапни во заедницата;
  • поддршка при изведување други слични активности за учество во заедницата, социјализација или поминување на слободното време

Услугите се наменети за:


Услугите се наменете за лица на возраст од 18 до 64 години, кои имаат потешка или најтешка физичка попреченост или лица со целосно оштетен вид.

Работно време


Во зависност од потребите на старото лице, ние заднички го договараме и работното време и период на користење на услугите од асистенот.
Пакет REGULAR: Динаминка на посети: 5 пати во неделата *имате право на избор на денови во договор со негувателот. Врeметраење на посета: 8 часа дневно * избор на термин во договор со негувателот.
Пакет BASIC: Динаминка на посети: 5 пати во неделата *имате право на избор на денови во договор со негувателот. Врeметраење на посета: 4 часа дневно * избор на термин во договор со негувателот. Услугите од страна на негувателот се избираат според потребите на корисникот.
Пакет S: Динаминка на посети: 3 пати во неделата * избор на денови во договор со негувателот. Врeметраење на посета: 2 часа дневно.


Месечен надомест


Месечниот надомест се утврдува во зависност од направениот избор на пакетите. Доколку Вие имате потреба од помош и нега во домашни услови од страна на лиценцираниот тим за давање професионална нега во домашни услови и цените на пакетите, Ве молиме контактирајте нè на 077 963 672, 02 5112 716 или елетроснката пошта: humanas@humanost.org.mk