Професионалната нега на стари лица во домашни услови е креиран за задоволување на потребите на старите лица од од професионален аспект и овозможува разивање на вонинституционална грижа на старите лица односно сервис за нега на стари лица во домашни услови во кој се ангажирани професионални и сертифицирани негуватели/ки за старите лица. Негувателите за нега на старите лице се сертифицирани и обучени за давање на професионална нега и грижа на старите лица во домашни услови од посебна верифицирана програма на здружението Хуманост. Негувателите на стари лица се оспособени со вештини и компетенции за давање на основни здравствени и социјални услуги во домашни услови на лица кои поради возраст, хронични болести и др. причини се во состојба на изнемоштеност и неможност да се грижат за себе. Услугите се од различна природа и форма и ја заменуваат институционалната грижа и другите форми на организирана грижа.

Негата од страна на негувател/ка во домашни услови е насочена кон:

  • Помагање во одржување на домот (чистење, готвење, пазарење, перење, пеглање)
  • Поддршка во извршување на секојдневните активности ( прошетка, социјализација, одржување на лична хигиена кај корисникот)
  • Промена на ергономски и медицински принципи во секојдневните активности (лесна масажа ивежби, комуникација со матичен лекар, придружба при рутински контроли и матичен лекар, мерење притисок, набавка на лекови)
  • Професионален и сертифициран тим кои се грижа на возрасните во домашни услови
  • Професионалните негуватели/ки помагаат да се врати балансот и квалитетот на животот на возрасните лица преку обезбедување на поддршка во секојдневниот живот
  • Професионалните негуватели/ки помагаат во непречено извршување на домашните активности
  • Професионалните негуватели/ки се грижат за заштита или враќање на самостојноста на корисниците на услугата и ги поддржуваат во нивниот социјален живот

Услугите се наменети за:


Услугите се наменете за возрасни лица над 62 години, независно во каква здравствена или социјална состојба се наоѓаат.

Работно време


Во зависност од потребите на старото лице, ние заднички го договараме и работното време и период на користење на услугите од асистенот.
Пакет REGULAR: Динаминка на посети: 5 пати во неделата *имате право на избор на денови во договор со негувателот. Врeметраење на посета: 8 часа дневно * избор на термин во договор со негувателот.
Пакет BASIC: Динаминка на посети: 5 пати во неделата *имате право на избор на денови во договор со негувателот. Врeметраење на посета: 4 часа дневно * избор на термин во договор со негувателот. Услугите од страна на негувателот се избираат според потребите на корисникот.
Пакет S: Динаминка на посети: 3 пати во неделата * избор на денови во договор со негувателот. Врeметраење на посета: 2 часа дневно.


Месечен надомест


Месечниот надомест се утврдува во зависност од направениот избор на пакетите. Доколку Вие имате потреба од помош и нега во домашни услови од страна на лиценцираниот тим за давање професионална нега во домашни услови и цените на пакетите, Ве молиме контактирајте нè на 077 963 672, 02 5112 716 или елетроснката пошта: humanas@humanost.org.mk