Професионалната нега на лицата со деменција-Алцхајмерова болест и интелектуални попречености во домашни услови и институции е креиран за задоволување на потребите на лицата со деменција, алцхајмер и интелектуални попречености од професионален аспект. Услугата асистенција на лица со деменција и интелектуални попречености е услуга од социјална заштита, која на корисниците треба да им обезбеди здравствена и социјална поддршка во развивање или одржување на нивните лични способности и вештини. Услугата треба е прилагодена на потребите на корисникот, кој заедно со тимот, членовите на неговото семејство и асистентот, одлучуваат кои активности треба да се преземат, со кој интензитет и во кој временски рок, за да му се овозможи поголема самореаилзација и што подолга независност во задоволувањето на секојдневните потреби. Услугата од асистенција на лицата со деменција-Алцхајмерова болест и интелектуални попречености е насочена кон:

  • Помош и поддршка на корисниците при користење на здравствени и социјални услуги;
  • Помош и поддршка во остварување на социјалните активности и културно забавниот живот на корисникот
  • Помагање во одржување на личната хигиена и асистирање при секојдневни активности на корисникот;
  • Асистирање и обезбедување на продукти за потребите на корисникот и подготовка на храна;
  • Асистирање во одржување на хигиена во домот;
  • Усогласување на давање на услугите согласно промени во способностите и потребите на корисникот;
  • Асистенција при безбедно пристигнување до одредено место/ установа;
  • Асистенција за безбедно движење на корисникот;
  • Асистенција и поттикнување на одржување и подобрување на мобилноста на лицата со деменција и интелектуални попречености
  • Комуникација со корисниците, семејствата на корисниците и со членовите на тимот во согласност со организациската поставеност и професионална етика;
  • Асистенција и употреба на медицински помагала и апарати за мерење на крвен притисок, пулс и температура - Препознава основни симптоми и знаци на болести кај лицата со деменција и интелектуални попречесности;
  • Психосоцијална помош и поддршка;
  • Органзирање на активности за вклучување на лицата со деменција и интелектуални попречености во општествениот живот;

Информации за програмата


Програмата е достапна за сите заинтересирани возрасни лица, без оглед на нивниот социјален и економски статус, етничката припадност и / или способност. Кандидатите за оваа проеграма треба да имаат завршено најмалку средно образование психофизички здрав, емоционално способен и стабилен, да има афинитет за оваа работа. По завршување на едукативниот дел, се врши проверка на стекнатите знаења и вештини, со што учесниците се стекнуваат со сертификат.

Услугите се наменети за:


Услугите се наменете за лица со деменција-Алцхајмерова болест и интелектуални попречености ( деца и младинци).

Работно време


Во зависност од потребите на старото лице, ние заднички го договараме и работното време и период на користење на услугите од асистенот.
Пакет REGULAR: Динаминка на посети: 5 пати во неделата *имате право на избор на денови во договор со негувателот. Врeметраење на посета: 8 часа дневно * избор на термин во договор со негувателот.
Пакет BASIC: Динаминка на посети: 5 пати во неделата *имате право на избор на денови во договор со негувателот. Врeметраење на посета: 4 часа дневно * избор на термин во договор со негувателот. Услугите од страна на негувателот се избираат според потребите на корисникот.
Пакет S: Динаминка на посети: 3 пати во неделата * избор на денови во договор со негувателот. Врeметраење на посета: 2 часа дневно.


Месечен надомест


Месечниот надомест се утврдува во зависност од направениот избор на пакетите. Доколку Вие имате потреба од помош и нега во домашни услови од страна на лиценцираниот тим за давање професионална нега во домашни услови и цените на пакетите, Ве молиме контактирајте нè на 077 963 672, 02 5112 716 или елетроснката пошта: humanas@humanost.org.mk