Краток вовед


Програмата за подготовка на асистенти за нега на лица со деменција – алцхајмерова болест и интелектуални попречености има за цел да ги оспособи учесниците во програмата за давање на помош и поддршка на корисниците на услугите, со цел истите да постигнат свои лични достигнувања, односно самореализација, соглано нивните потреби и можности. Услугата асистенција на лица со деменција и интелектуални попречености е услуга од социјална заштита, која на корисниците треба да им обезбеди здравствена и социјална поддршка во развивање или одржување на нивните лични способности и вештини. Услугата треба да биде прилагодена на потребите на корисникот, кој заедно со тимот, членовите на неговото семејство и асистентот, одлучуваат кои активности треба да се преземат, со кој интензитет и во кој временски рок, за да му се овозможи поголема самореаилзација и што подолга независност во задоволувањето на секојдневните потреби. Програмата треба да ги оспособи учесниците за извршување на работните задачи на асистент за нега на лица со деменција – алцхајмерова болест и интелектуални попречености, на три нивоа:
1. хигиенско – здравствени;
2. воспитно – образовни;
3. просторно – технички.
Верифицираната програмата „ Асистенти за нега на лица со деменција – алцхајмерова болест и интелектуални попречености “ е верифицирана од страна на Цетарот за образование на возрасни со Решение број 10-39 и од страна на Министерството за образование и наука на Република Македонија со Решение број 12-2296. Обуката се реализира од страна на стручни лица, со долгогодишно научно и практично искуство во секоја од предвидените модули, преку која учесниците можат да се стекнат со практични и теоретски знаења и вештини за ефикасна грижа и поддршка на лицата со деменција – алцхајмерова болест и интелектуални попречености .

Информации за програмата


Програмата е достапна за сите заинтересирани возрасни лица, без оглед на нивниот социјален и економски статус, етничката припадност и / или способност. Кандидатите за оваа проеграма треба да имаат завршено најмалку средно образование психофизички здрав, емоционално способен и стабилен, да има афинитет за оваа работа. По завршување на едукативниот дел, се врши проверка на стекнатите знаења и вештини, со што учесниците се стекнуваат со сертификат.

Цел на програмата за обука


Целта на програмата е да ги подготви учесниците за асистенција и нега на лица со деменција – алцхајмерова болест и интелектуални попречености. За остварување на оваа цел учесникот потребно е да ги оствари поединечните цели на секоја тематска област.


Програмата се состои од 12 тематски единици / модули: 1. Нормативна рамка на права и услуги од социјална заштита на лицата со деменција и интелектуална попреченост;
2. Стандарди за работа во дом и институција;
3. Организација и План за работа со корисникот;
4. Деменција – деменција кај Алцхајмерова болест и други видови деменции;
5. Работа со лица со деменција – Алцхајмерова деменција;
6. Подготовка на работно место и организација на работата;
7. Нега и исхрана на лица со деменции и интелектуална попреченост;
8. Здравствена заштита на лица со деменции и интелектуална попреченост;
9. Комуникација;
10. Поим , модели и видови на попреченост;
11. Поддршка на деца и лица со интелектуална попреченост;
12. Карактеристики и начин на комуникација со лица со интелектуална попреченост;

Времетраење на програмата


Програмата е достапна за сите заинтересирани возрасни лица, без оглед на нивниот социјален и економски статус, етничката припадност и / или способност. Кандидатите за оваа проеграма треба да имаат завршено најмалку средно образование психофизички здрав, емоционално способен и стабилен, да има афинитет за оваа работа. По завршување на едукативниот дел, се врши проверка на стекнатите знаења и вештини, со што учесниците се стекнуваат со сертификат.