Даниела Станојковска, родена на 14.05.1980 во Скопје, каде што живее и работи. Дипломира на Институтот за социјална работа и социјална политика, при Филизофскиот Факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во 2003 година. Во 2011 година магистрира, а во моментот е докторант на истиот институт. Од 2007 година, работи во ЈУ Завод за социјални дејности – Скопје, со посебен фокус на подрачјето на социјална заштита на стари лица. Од тука во нејзиниот магистерски и докторски труд, главниот интерес е насочен кон создавање подобри услови за живот на старите лица во земјата, развој на институционалната и вонинституционалната заштита на старите лица, како и зајакнување на професионалните капацитетите на стручните лица, кои даваат услуги за стари лица. Во своето професионално искуство членува во повеќе работни групи насочени кон подобрување на условите за живот на старите лица, учествува во изготвување на Националната стратегија за стари лица 2010-2020 година, член е на Координативното тело за имплементација на оваа стратегија, учествува во истражувања за потребите на старите лица на општинско и државно ниво и изготвување на научни трудови и документи. Учествува на семинари, национални и меѓународни конференции со сопствени стручни трудови, студиски посети и едукации. Едукатор е во неколку програми поврзани со социјалната заштита на стари лица и зема учество и во изготвување на програмата и прирачник за обука на асистенти кои ќе работат со лица со Алцхајмерова и други видови деменции и лица со интелектуална попреченост Даниела Станојковска е дел од тимот на обучувачи на Хуманост за спроведување на посебните образовни програми од 2013 година.

Магдалена Илиевска дипломирала психологија на Филозофскиот факултет при Универзитетот Свети Кирил и Методиј во 2005-тата година. Професионално е ангажирана 10 години во работа со стари лица, лица со деменции и примена на немедицински пристап во работа со истите. Дел од својата професионална ангажираност ја поминува во обучување на персонал за работа со стари лица и лица со деменција. Тековно завршува едукација од гешталт психотерапијата и едукација од клиничка невропсихологија, а зема учество и во изготвување на програмата и прирачник за обука на асистенти кои ќе работат со лица со Алцхајмерова и други видови деменции и лица со интелектуална попреченост. Во Психолошката комора на Македонија е заменик претседател во Секторот за психолози кои работат во социјалната заштита. Магдалена Илиевска е дел од тимот на обучувачи на Хуманост за спроведување на посебните образовни програми од 2013 година.

Јана Јанева е родена на 28.10.1985 година во Скопје, каде што живее и работи. По вокација дипломиран социјален работник. Нејзиното досегашно професионално искуство опфаќа десет годишна работа со стари лица како социјален работник во установа за социјална заштита, а последните 3,5 години работи и како менаџер на ПУСЗ ,,Резиденција Дабески’’. Нејзината експертиза е истакната во областа на групна работа и психосоцијална поддршка на старите лица и нивните семејства. Како посебно поле на интерес ја истакнува работата со лица кои боледуваат од деменции. Активно работи како обучувач на програми за обука на негуватели и персонални асистенти и асистенти за нега на лица со деменција-Алцхајмерова болест и интелектуални попречености,исто така учествува во креирање на политики кои се однесуваат на старите лица. Нејзината доедукација и континуирано професионално надградување ги реализира преку едукација за системска семејна психотерапија, учество на голем број семинари, национални конференции, обуки, изготвување статии, стручни трудови и прирачници. Јана Јанева е дел од тимот на обучувачи на Хуманост за спроведување на посебните образовни програми од 2013 година.

Ивана Двојакова, родена на 25.05.1988 година во Скопје, каде што живее и работи. По вокација дипломиран дефектолог и моментално магистрант по ментална ретардација и аутизам на Институтот за дефектологија при Универзитетот Св. Кирил и Методиј- Скопје. Нејзиното досегашно работно искуство опфаќа три годишна работа со деца со попреченост во редовниот образовен процес, родители и наставен кадар во основните училишта на територија на општина Центар, а од 2014 година својот ангажман го продолжува во ЈУ Завод за социјални дејности-Скопје, каде што работи на унапредување на социјалната заштита, услугите и формите на заштита кон лицата со попреченост во системот преку следење, мониторинг, анализи и обуки за стручните лица кои ги даваат услугите кон овие лица, како и реализирање на останати активности согласно надлежностите на установата. Нејзината доедукација и континуирано професионално надградување ги реализира преку учество на значителен број семинари, национални и меѓународни конференции, обуки, студиски посети, изготвување на неколку научно-стручни трудови и прирачници, како и учество во работни комисии и групи, проекти од областа на правата, инклузијата во сите сегменти на општеството и унапредувањето на квалитетот на живеење на деца и лица со попреченост. Ивана Двојакова зема учество и во изготвување на прирачникот за обука на асистенти кои ќе работат со лица со со интелектуална попреченост. Ивана Двојакова е дел од тимот на обучувачи на Хуманост за спроведување на посебните образовни програми од 2017 година.

Станка Божиновска, родена на 18.04.1984 година во Гевгелија. Своето образование го завршува на Универзитет Св Климент Охридски- Битола- Висока медицинска школа како медицинска сестра. Нејзиното досегашно работно искуство опфаќа десет годишна работа со стари и изнемогнти лица, лица со деменција и Алцхајмерова болест во ПУСЗ ТЕРЗИЕВА. Нејзината доедукација и континуирано професионално надградување ги реализира преку учество на значителен број семинари, обуки, поврзани со унапредувањето на квалитетот на живеење на старите лица, лицата со деменција и Алцхајемрова болест. Ито така беше дел од меторска програма за тренери за едукација на лица кои што сакаат во иднина да работат со лица Алцхајмерова болест и деменција. Станка Димитриева е дел од тимот на обучувачи на Хуманост за спроведување на посебните образовни програми од 2013 година.

Моника Лукаорвска, родена на 13.10.1983 година во Скопје. Своето образование го завршува на Медицински факултет при Универзитет ,,Св.Кирил и Методиј’’ Скопје на смерот општа медицина и е дипломиран доктор по општа медицина. Нејзиното досегашно работно искуство опфаќа седум годишна работа како доктор по општа медицина од кои три години со стари и изнемогнти лица, лица со деменција и Алцхајмерова болест во ПУСЗ ТЕРЗИЕВА. Нејзината доедукација и континуирано професионално надградување ги реализира преку учество на меѓународни семинари, младински работилници и размена на студенти од областа на медицината, работилница за научен труд и научни методи, медицински конгреси студиски посети и објава на трудови. Моника Лукаровска е дел од тимот на обучувачи на Хуманост за спроведување на посебните образовни програми од 2016 година.