Сашко Јованов – Извршен дирекот на Хуманост

Неговото работно искуство опфаќа 11 годишна работа и посветеност во раст и развој на здруженеито Хуманост. Своето работно искуство во Хуманост го започнува во 2008 година во делот на развивање на вонинституционалните форми на социјална заштита, развивање на нови програми за работа и делување на здружението како и пренесување на знаењата и организациските способности стекнати со едукација во НЛП институтот во делот на бизнис практиката. Во своето професионално работно искуство членува во повеќе мрежи, работни групи и координативни тела при Министерстовото за труд и социјална политика, насочени кон подобрување на условите за живот на старите лица, лицата со попреченост, сиромашните и социјално исклучените лица како и младите лица. Како одоговрно лице во Хуманост исто така се посветува на развивање на неформалното образование и верифицирани посебни образовни програми за образование на возрасните, при што од 2011 година, се стекнува со неколку сертификати за обучувач и тоа во делот на образованието на возрасните, мултикултурализмот и интерклутурното учење и Европските образовни програми и мобилност. Во своето 11 годишно искуство е дел од многу национални и Европски проекти . Својата доедукација и континуирано професионално надоградување го врши преку формите на неформалното образование, присуство на конференци и семинари.

Дамјан Николовски – Програмски асистент

Неговото работно искуство опфаќа 2 годишно работа теност во здруженеито Хуманост како програмски асистент и социјален работник. Своето работно искуство во непрофитниот секотор го започнува во 2017 година и како дипломиран социјален работник во секторот за нега во домашни услови. Неговата доедукација и континуирано професионално надградување ги реализира преку учество на семинари, тренинг курсеви, младински размени на национално и меѓународно ниво.

Фросина Илиевска - Психолог - координатор

Нејзиното работно искуство во здруженеито Хуманост започнува во 2018 година како дипломиран психолог и координатор на секторот за психо-социјална поддршка. Во своето професионално работно искуство таа овозможува психо-социјална поддршка на лицата во социјален ризик и нива ресоцијализација. Својата доедукација и континуирано професионално надоградување го врши преку формите на неформалното образование, присуство на конференци и семинари.