Персонална асистенција на лица со попреченост има за цел да придонесе за независно и самостојно живеење на лицата со попреченост и нивно активно и рамноправно учество во заедницата и во општеството во целина. Персоналната асистенција на лица со попреченост е услуга од социјална заштита, преку која се обезбедува поддршка на лицето со попреченост во неговото осамостојување, согласно неговите индивидуални потреби. Персоналната асистенцијата е прилагодена на личните и поединечни потреби на корисникот, кој одлучува кои активности ќе ги делегира и на кого, така што ќе му овозможи да живеe во помалку ограничена околина, односно му овозможува слобода на избор и независно раководење на личниот живот со цел да ја компензираат својата попреченост, делегирајќи ги своите задачи на други лица. Личните асистенти за лица со попреченост се сертифицирани и обучени за давање на помош и поддршка на лицата со попреченост од посебна верифицирана програма на здружението Хуманост.
Услугите се наменете за лица на возраст од 18 до 64 години, кои имаат потешка или најтешка физичка попреченост или лица со целосно оштетен вид.
Во зависност од потребите на старото лице, ние заднички го договараме и работното време и период на користење на услугите од асистенот.
Пакет REGULAR: Динаминка на посети: 5 пати во неделата *имате право на избор на денови во договор со негувателот.
Врeметраење на посета: 8 часа дневно * избор на термин во договор со негувателот.
Пакет BASIC: Динаминка на посети: 5 пати во неделата *имате право на избор на денови во договор со негувателот.
Врeметраење на посета: 4 часа дневно * избор на термин во договор со негувателот.
Услугите од страна на негувателот се избираат според потребите на корисникот.
Пакет S: Динаминка на посети: 3 пати во неделата * избор на денови во договор со негувателот.
Врeметраење на посета: 2 часа дневно.
Месечниот надомест се утврдува во зависност од направениот избор на пакетите. Доколку Вие имате потреба од помош и нега во домашни услови од страна на лиценцираниот тим за давање професионална нега во домашни услови и цените на пакетите, Ве молиме контактирајте нè на 077 963 672, 02 5112 716 или елетроснката пошта: humanas@humanost.org.mk