Стратешки цели


Здружението за поддршка и развој Хуманост работи кон задоволување на потребите на лицата кои се изложени на ризик од осиромашување и општествено исклучување да ги добијат потребните можности и ресурси за целосно учество во економскиот, општествениот и културниот живот и за уживање на стандардните услови за живеење и социјална сигурност кои се сметаат за нормални во општеството во кое живеат. Здружението Хуманост им овозможува на овие лица нивно поголемо учество во процесот на донесување на одлуки кои влијаат врз нивниот живот и пристапот до фундаменталните права.

Визија


Поголема социјална интеграција на лицата во социјален ризик.

Мисија


Унапредување на условите за подобар и поквалитетен живот на лицата во социјален ризик.

1. Стратешки цели 2016-2020:

Стратешка цел 1:

Развивање на формите на вонинституционални социјална заштита на стари и изнемогнати лица, лица со деменција-Алцхајмерова болести и лица со попреченост.

Стратешка цел 2:

Едукација на негуватели/ки и асистенти за нега на во домашни услови

Стратешка цел 3:

Креирање на политики за лицата во социјален ризик

Стратешка цел 1:

Јакнење на капацитетите на младите

Стратешка цел 1:

Промовирање на социјално претприемништво

Стратешка цел 1:

Вмрежување на Хуманост

2. Општи цели:


  • Изготвување на анализи за конкретниот начин за унапредување на условите за грижата кон старите и изнемогнати лица, лица со деменција-Алцхајемрова болест и и лица со попречености;
  • Обуки за сертифицирање на негуватели/ки и асистенти за нега во домашни услови или институции;
  • Организирање на обуки за лицата во социјален ризик и нивно активно учество
  • Активно учество на лицата во социјален ризик во креирање на политики на локално и национално ниво
  • Партиципативност на младите во процесот на креирање на политики на локално и национално ниво од кои се дирекно засегнати
  • Учество на младите во Европските образовни програми и мобилност и спроведување на проекти од Еразмус+ програмата;
  • Промовирање на важноста и можноста на социјалното претприемништво
  • Вмрежување на Хуманост во национални и меѓународни мрежи

Здружението за поддршка и развој Хуманост за остварување на мисијата, визијата и своите стратешки цели работи секторски и тоа:

  1. Сектор за нега во домашни сулови
  2. Сектор за едукација
  3. Сектор за млади
  4. Сектор за креирање на политики
  5. Сектор за психо-социјална поддршка
  6. Сектор за медицинска нега и помош